На аукција продадени претседателскиот авион и лимузината од Николае Чаушеску


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателскиот авион и лимузината на романскиот диктатор Николае Чаушеску беа продадени на аукциско наддавање за неколкукратно повисоки цени од првичните, објави новинската агенција Медијафакс.

Авионот „Ромбак 1-11“ што го користел Чаушеску до неговото соборување во 1989 година е продаден за 120.000 евра. Неговата почетна цена била 25 илјади, јавува агенцијата Dpa.

Авионот веќе го нема луксузниот ентериер од ерата на комунистичкиот диктатор, пишува Медијафакс.

Лимузината „Пејкан Хилман Хантер“, подарена на Чаушеску од иранскиот шах Мохамад Реза Пахлави, соборен од Исламската револуција во 1979 година, исто така е продадена на аукција.

Автомобилот е продаден за 95 илјади евра, скоро 24 пати повеќе од износот на почетната цена од 4 илјади евра.