На 90-годишна возраст почина архитектот Георги Константиновски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, на 90-годишна возраст, почина архитектот Георги Константиновски. Веста за јавноста ја потврди неговото семејство.

Константиновски е автор на објектите на Архивот на Град Скопје, Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Домот за рекреација во Катлановска бања, Меморијалниот комплекс АСНОМ во Пелинце, како и Спомен Домот на Разловечкото Востание во Пелинце, Домот на печат во Приштина, но и многу други.

„Неговиот лик и дело ја задолжија македонската архитектура, оставајќи наследство кое има локално, регионално и меѓународно значење. Се повеќе неговите дела предизвикуваат внимание кај оние кои го истражуваат периодот на бруталистичката архитектура. Извонреден во својата професија, одличен педагог (омилен професор на многумина) и вистински архивар на македонското градителско наследство. Тој покрај сопствената работа, грижливо ја истражувал и архивирал домашната сцена преку повеќе изданија“, стои во објавата на специјализираниот веб-сајт за македонска архитектура „МАРХ“.