Кандидатот на СДСМ, Сашко Николов, објави победа на изборите за градоначалник во Штип


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кандидатот за градоначалник на СДСМ Сашко Николов, во друштво на членовите и симпатизерите на партијата, на градскиот плоштад во Штип синоќа ја славеа, како што велат, победата на вчерашните избори за градоначалник во Општина Штип.

Николов најави дека прв приоритет ќе му биде формирање на фонд за заштитни маски со којшто секој граѓанин ќе добие бесплатна заштитна маска, по што, како што рече, ќе се зафати со сите инфраструктурни проблеми, но и со реализација на сите проекти кои се во тек.

Во партискиот штаб на кандидатот за градоначалник ќе се обрати и лидерот на СДСМ Зоран Заев заедно со Николов и со генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

Од Општинската изборна комисија информираат дека почнува пристигнувањето на првите избирачки кутии кои членовите на избирачките одбори ги имаат изброено. Во рок од еден час пристигнати се осум од вкупно 77 избирачки места.