На 20 години имаше 609 килограми – погледнете како изгледа денес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Калед Мохсен Ал Шаери своевремено беше познат како најтешкиот тинејџер на светот поради неговите 609 килограми беше познат како најтешкиот тинејџер на светот, а сега, 12 години подоцна, е речиси непрепознатлив поради физичката трансформација.

Благодарение на строгата диета и вежбањето, Калед успеал да ослабне неверојатни 546 килограми.

Младиот човек бил примен во болница во 2013 година на иницијатива на сега починатиот крал Абдула.

За негово префрлање во болница биле ангажирани 30 медицински лица и припадници на цивилната заштита.

За таа прилика од САД бил нарачан специјален кран, а на крајот Калед бил пренесен во болница со помош на медицински авион.

Три години подоцна, беше споделено видео на кое се гледа дека Калед конечно ги прави првите чекори.

Калед денес тежи 63 килограми, а неговата трансформација е неверојатна за многумина.