Мурињо: Уште следното лето ќе се сруши трансфер рекордот на Погба!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо тврди дека следното лето ќе се сруши трансфер рекордот на Погба кој минатата година стана најскап фудбалер во историјата.

Имено, Погба минатото лето од Јувентус премина во Манчестер Јунајтед за сума од 105 милиони евра и постави нов трансфер рекорд во фудбалскиот свет.

„Мислам дека по неколку години трансферот на Погба ќе изгледа ефтин. Морам да признаам дека малку клубови разбираат што ќе се случи во блиска иднина. Пред неколку години плакаа 25 милиони фунти за феноменален играч, а сега толку чини млад фудбалер. Сега ако сакаш да купиш перспективен 20-годишен играч, треба да платиш колку за докажана ѕвезда“, изјави Мурињо.

„Очекувам во текот на летото да има неколку сензационални трансфери на пазарот, а Погба да го загуби својот статус на најскапиот играч во светот. И тоа е добро. Пол е загрижен од зголеменото внимание кон него и очекувањата. Кога не игра на највисоко ниво премногу често е критикуван од експерти и навивачи. Уверен сум дека во текот на летото некои играчи кои поседуваат половина од неговите квалитети ќе чинат колку него или повеќе“, заклучи Португалецот.