Мурињо се согласи: Го пушта Де Геа во Реал, но само под еден услов!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските и шпанските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека главна мета на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа.

Главна пречка за реализација на овој трансфер е Жозе Мурињо, но според пишувањето на островските медиуми надводно Португалецот веќе се помирил со фактот дека ќе го загуби шпанскиот голман за наредната сезона.

Сепак, Мурињо има еден услов, а тоа е покрај десетина милиони евра од Реал Мадрид да го добие и стоперот Рафаел Варан, кого „Специјалниот“ веќе некое време се обидува да го донесе на „Олд Трафорд“.

Медиумите на Островот тврдат дека доколку се реализира овој трансфер главна мета на „црвените ѓаволи“ ќе биде голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума за кого се спремни да платат 50 милиони евра.