Мурињо прави пеколен стоперски тандем!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ерик Баи се покажа како големо засилување за тимот на Жозе Мурињо, но Португалецот веќе е во потрага по уште еден стопер кој ќе може да биде негов партнер.

Крис Смолиг е далеку од својата најдобра форма, Блинд не брилјира на таа позиција, па поради тоа Мурињо да го одврзе кесето и да донесе врвен стопер, а тоа би можел да биде Хосе Марија Хименез.

Младиот Уругваец испадна од првиот тим во Атлетико Мадрид, бидејќи Симеоне е задоволен од тандемот Годин-Савиќ, па веќе почна да се шпекулира дека Хименез би можел да ја промени средината.

Неговата откупна клаузула изнесува 62 милиони евра, а Мурињо е спремен да ги плати тие пари и да направи тандем на иднината Хименез-Баи.