Македонски уметници на Интернационалниот саем на современа уметност Паратисима во Италија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Единаесетте учесници кои беа селектирани од жири комисијата  на овогодинешниот Интернационален саем на современа уметност Паратисима Скопје кој се оддржа по третпат оваа година од 10 -12 јуни во Младинскиот културен центар ќе учетствуваат на дванаесеттото издание на Паратисима во Торино, Италија во периодот од  2-6 ноември, 2016 година.

Паратисима Скопје оваа година додели вкупно 16 награди од кои на 13 учесници и оваа година им овозможи да ги изложат своите дела на саемот за уметност Паратисима во Торино, Италија.

2-11-paratissima_skopje_1

Викторија Попоска, Асја Муча, Ханис Багашов, Моника Лозаноска, Александар Милев,  Ања Илиева, Христина Секулоска, Ирена Милојеска , Андријана Андреева, Лука Гроси, Ерика Витале, Соџин Хонг и Том Хјус,  чии дела заедно со останатиот дел од ликовната поставка беа курирани од страна на Јованка Попова, се авторите кои беа селектирани од тричленото жири на Паратисима Скопје, составено од Сафет Ахмети – истражувач во областа на историјата на уметноста и визуелната култура, Иван Блажев – фотограф и режисер и Мартин Гулески – архитект, добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ – 2015 година.

2-11-paratissima_skopje_3

Здружението за поддршка на макеоднската култура во Италија „Понте ди пјетра“ од Канели, ѝ додели награда на уметницата Викторија Попоска за учество на македонски автор на Паратисима во Торино.

Во соработка со Паратисима Скопје, Галерија Флукс (Flux Gallery)  и Концепт 37 (Concept 37) доделија дополнителни четири независни изложби на: Елизабета Линднер Костадиновска, Христина Секулоска и Ирена Милојеска, Тамара Забазноска, Марија Конеска.

2-11-paratissima_skopje_4

Третото издание на Паратисима Скопје 2016, броеше учество на 107 независни автори со потекло од 21 земја и беше домаќин и организатор на  8 специјални проекти и 13 работилници.

Минатата година на Паратисима во Торино се изложија 427 независни учесници кои беа посетени од 47.568 посетители, а 11 од нив беа авторите наградени и селектирани од второто издание на Паратисима Скопје.  Вклучително со оваа година, Паратисима Скопје има наградено и претставено вкупно 33 (македонски) автори на Паратисима во Торино.