Home Спорт Мурињо тргнува по еден од најдобрите напаѓачи во светот!

Мурињо тргнува по еден од најдобрите напаѓачи во светот!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, сака да го доведе Единсон Кавани на „Олд трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.

Кавани очекува ПСЖ да му понуди нов договор бидејќи актуелниот му истекува во јуни 2018 година, но сеуште не се почнати преговори, па Мурињо сака да го искористи тој факт.

Мурињо наводно подготвил понуда за фантастичниот Уругваец, тој е цврсто решен да го доведе во редовите на Манчестер Јунајтед како замена за Златан Ибрахимовиќ.

Кавани оваа сезона игра во фантастична форма и постигна 14 гола на 14 настапи за ПСЖ, но и тој самиот сака да ја промени средината и е отворен за преселба во Англија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…