Home Спорт Стигна како големо засилување, а во јануари го напушта Интер

Стигна како големо засилување, а во јануари го напушта Интер

Евер Банега ова лето пристигна како големо засилување на „Џузепе Меаца“, а веќе во јануари бо можел да го напушти Интер.

Новиот тренер Стефано Пиоли не му верува многу на Аргентинецот и му даде шанса на Брозовиќ кој одлично ја искористи, па Банега би можел да го напушти Интер после само 6 месеци.

Банега пристигна како слободен играч од Севиља, па „нероаѕурите“ ќе можат да заработат на неговата продажба.

За аргентинскиот плејмејкер инетрес покажуваа неколку клубови од Премиер лигата, како Евертон и Вест Хем, а Интер ќе се согласи на негова продажба доколку пристигне понуда од 10 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…