Мугурса е нова шампионка на Вимблдон (видео)


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Нова шампионка на Вимблдон денес стана шпанската тенисерка Габриња Мугурса.

Мугурса денес во финалето ја совлада Венус Вилијамс со 2:0 во сетови 7:5 и 6:0.

Во првиот сет се играше гејм за гејм, а тогаш започна шпанската „фурија“! Мугурса ги доби наредните два гејм во првиот, а потоа и сите шест во вториот сет, па така стигна до својата прва титула на Вимблдон.

Ова за Мугурса е втор Гренд Слем трофеј во кариерата, после Ролан Гарос минататагодина. Во 2015 година играше во финалето на Вимблдон но тогаш беше поразена од Серена Вилијамс.