Home Актуелно Неделен ден со дожд и свежо време

Неделен ден со дожд и свежо време

Времето денес ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни.Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната температура ќе се движи од 16 до 22 степени. Во Скопје ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Утринската температутра ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 21 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…