Home Спорт Му скокна да го тепа, па виде дека тоа е Ериксен – реакцијата на Вилијамс од Норич стана хит на социјалните мрежи (снимка)

Му скокна да го тепа, па виде дека тоа е Ериксен – реакцијата на Вилијамс од Норич стана хит на социјалните мрежи (снимка)

Фудбалерот на Норич Брендон Вилијамс стана хит на социјалните мрежи поради неговата реакција на дуелот против Бренфорд, дефанзивецот тргна да се тепа, но кога виде дека се работи за Кристијан Ериксен, се насмевна и го прегрна.

Кристијан Ериксен минатата недела се врати на фудбалските терени и за прв пат играше фудбал по Европското првенство, кога колабираше на теренот и добро ги исплаши сите.

Данецот вчера беше стартер и одигра 90 минути во победата на Бренфорд на гостувањето кај Норич од 1-3.

Пред крајот на првиот дел тој беше инволвиран во еден дуел по кој Брендон Вилијамс стана хит на социјалните мрежи. Кристијан Ериксен не бираше начин како да го сопре ривалот и со рагби старт го собори на тревата. Дефанзивецот беше изнервиран, дури му скокна да се тепа, но кога виде за кого се работи, се насмевна и го прегрна Данецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…