„Лацио со љубов“: Секој брачен пар кој ќе се венча во регионот на Лацио од Италија ќе добие 2.000 евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италија ќе ја почести со по 2.000 евра секоја брачна двојка, било од таа држава, било од странство, која својата свадбена забава ќе ја направи во популарниот регион Лацио.

Италија е популарен избор за свадби, но бројот на свадби е значително намален поради коронавирусот. Локалните италијански медиуми тврдат дека само 9.000 парови се венчале во Лацио од почетокот на пандемијата, во споредба со повеќе од 15.000 во 2019 година. Регионот Лацио, кој го вклучува главниот град Рим заедно со Витербо и Тиволи, покрена иницијатива во обид да ја зајакне индустријата за свадби по пандемијата.

Програмата наречена „Во Лацио со љубов“ е финансирана со 10 милиони евра за италијанските и странските парови да можат да добијат поврат до 2000 евра кога купуваат услуги или производи од локални угостители, цвеќарници, организатори на свадби и компании за големиот ден. „Шемата е потребна за да се поддржи секторот кој тешко претрпе поради економската криза. Направивме значителни инвестиции со туристичкиот сектор и со свесност и гордост дека можеме да се пофалиме со секој дел од нашиот регион, со многу локации меѓу најмагичното и најфасцинантното на светот, без конкуренција“, изјави Никола Зингарети, претседател на Лацио.

Валентина Корадо, советник за туризам во Лацио, рече: „Да го рестартираме секторот кој долго време беше во мирување. Целиот синџир на венчавки претрпе економски во последните две години“.

За грантот ќе бидат прифатени свадби и граѓански партнерства организирани од 1 јануари до 31 декември 2022 година. Дополнително, фондот може да ги покрие трошоците за меден месец, услуги за фотографирање и свадбена забава.