Ги пречекува украинските бегалци на полско-украинската граница со музика на пијано (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот пијанист Дејвид Мартел стана хит на социјалните мрежи благодарение на снимките на кои се гледа и слуша како свири на пијано на полско-украинската граница додека бегалците пристигнуваат на граничниот премин Медика.

„Дојдов овде да им посакам добредојде на сите оние кои доаѓаат од Украина. Сакам да се чувствуваат добредојдени и да знаат колку се безбедни сега. Ги слушаа бомбардирањата и пукотниците, сакам сега да ја слушнат музиката“, изјави Давиде. Тој додаде дека верува оти оваа војна е бесмислена.

Мартело вели дека не знае уште колку денови ќе помине на овој граничен премин. Многумина се воодушевени.

„Тој е неверојатен. Го видов еднаш и во Дрезден. Тој и денес се сеќава на мене”, „Ова е одлично”, „Каде и да се појави им дава надеж на луѓето и им ја враќа насмевката на лицата”, се само дел од коментарите на Твитер.

Покрај Мартел, насмевката на лицата на Украинците се обиде да ја врати и украинскиот пијанист Максим, кој последните денови ги поминува во засолништа со семејството и пијаното.

„На сите им се допаѓа и сите ми велат дека свирам одлично, но знам дека не сум толку добар. Знам дека не ми верувате, но пред само три месеци почнав сериозно да свирам”.

Се надевам дека наскоро во прифатилиштето ќе засвири некој кој е подобар и дека заедно ќе пееме, а дотогаш за тоа сме задолжени само јас и децата“, изјавил Максим за Би-Би-Си.