Луксузните брендови го паузираат својот бизнис во Русија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Производителите на луксузни брендови ги оставаат Русите без луксузот кој им беше достапен во Русија.

Прво беше објавено дека компаниите Шанел, Хермес и Ричемонт ги затвораат вратите, а потоа истото го објави и најголемата луксузна групација LVMH (Луј Витон и Хермес), која има 120 продавници во Русија. Портпаролот на LVMH додаде за медиумите дека компанијата ќе продолжи да им плаќа плати и бенефиции на своите 3.500 вработени во земјата. Одлуката стапува на сила утре.

Хермес објави на LinkedIn малку порано дека привремено ќе ги затвори своите продавници и ќе ги паузира сите комерцијални активности во Русија од вчера вечер. „Длабоко загрижени за ситуацијата во Европа во моментов, за жал решивме привремено да ги затвориме нашите продавници во Русија и да ги паузираме сите наши комерцијални активности“, велат тие.

„Ова дефинитивно ќе ги погоди граѓаните во Москва и Санкт Петербург“, „А што ќе прават сега богатите Руси?“, „На крајот на краиштата нема повеќе луксуз за Русите“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи. Инаку, многумина сметаат дека луксузните брендови ја донеле оваа одлука поради бројните притисоци на социјалните мрежи.

Пред неколку дена иста одлука донесе и ИКЕА, што предизвика огромни гужви пред продавниците на синџирот во Русија. Пред продавниците во поголемите градови, Москва, Санкт Петербург, Омск и Новосибирск, се формираа редици.