Моника и Чендлер пак заедно, публиката зачудено од изгледот на Метју Пери – „Како друг човек е“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Моника и Чендлер од славната серија „Пријатели“, повторно, на кратко, осамнаа заедно на селфи фотката која ја објави актерката Кортни Кокс на својот Инстаграм профил.

„Погодете со кого бев на ручек денес…Знам!!! Можам ли да бидам посреќна од ова?“, напиша Кортни крај фотографијата на која позира со колегата Метју Пери. „#realfriends“, додаде со хаштаг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial) on

„Мети! Ве сакам“, се јави во коментар Џенифер Анистон, која го глумеше ликот на Рејчел во „Пријатели“, а се огласи и Фиби, односно Лиза Кудроу која додаде: „Среќничке, среќничке“.

Но, освен купот еуфорични коментари заради мигот на повторно здружување на овие два лика, обожавателите на „Пријатели“ со загриженост коментираа за изгледот на Метју Пери.

„Мене Метју овде воопшто не ми изгледа како Чендлер. Како да е некоја сосема друга личност“, „Што е со неговото лице?“, „Дали бил на пластична операција?“, беа само дел од коментарите со кои обожавателите на Кортни навалија на Пери.

Но, имаше и обожаватели кои со објаснувања веднаш застанаа во одбрана на Пери.

„Долго се бореше со зависноста и сега е на правиот пат. Убаво е да се види дека се смее“, порача една обожавателка. „Моника секогаш беше тука да го спаси Чендлер“, заклучија други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Пери, ко е четири пати номиниран за наградата Emmy, ниогаш не криеше дека се бори со депресија и зависности, а минатата година три месеци помина во болница заради руптура на цревата.

Последниот филм го сними пред десетина години, додека во серија последен пат се појави во 2017 година. Кога станува збор за серијата која го прослави, „Пријатели“, истата година изјави дека повеќе не би снимал епизоди од таа серија.

Во февруари објави дека го исфрлиле од програмата за одвикнување. Но, откако обожавателите го опсипаа со пораки, додаде: „Полека луѓе, станува збор само за еден состанок. Се вратив во програмата за одвикнување каде што припаѓам“.