Прифатено обвинението за „Рекет“ – Боки, Катица и останатите обвинети одат на судење


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Основниот кривичен суд Скопје, по препорака на нивниот Совет за проценка на обвинителен акт, го одобри обвинението за слуачјот „Рекет“, афера која направи политички потрес во Македонија, а во кој обвинети се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Од Кривичниот суд соопштија дека обвинението е прифатено на денеска одржаната седница која не беше јавна, при што одбиени се приговорите поднесени од тројцата обвинети во овој случај, пренесува Нова ТВ.

Сега треба да биде оформен кривичен предмет и со АКМИС системот да биде распределен на понатамошно постапување, по што ќе биде закажано и рочиште.

На 10 октомври, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение, според кое Јовановски и Милевски се товарат за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“, a Јовановски и за „Перење пари и други приноси од казниво дело “. Јанева се товари дека сторило кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Јовановски и Јанева се во притвор во Шутка, додека Милевски е во куќен притвор.

Истрагата од минатиот месец се прошири на уште четири лица, за перење пари, измама и помагање во измама . Меѓу новоосомничените е и потпретседателката на Собранието Фросина Ременски, почесен претседател на Меѓународниот сојуз, потпретседателката на овој Сојуз Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, Христина Блажевска и Бојан Јовановски кој е осомничен за нови кривични дела.