Home Спорт Бобан го убедува Ракитиќ да се пресели во Милан

Бобан го убедува Ракитиќ да се пресели во Милан

Милан работи напорно за привлекување на играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, пренесува „Мундо Депортиво“.

Иако со години беше стандарден, Ракитиќ оваа сезона во Барселона има маргинална улога, поради што каталонскиот весник тврди дека ќе си замине уште во јануари.

Последните информации од Италија се дека Милан сериозно се вклучил во трката за потписот на Ракитиќ. Директорот Звонимир Бобан веќе работи на трансферот и е во постојан контакт со својот сонародник.

Бобан лично ја преземал задачата да го убеди својот сонародник да пристигне на „Сан Сиро“ и да му помогне на тимот да се врати на нозе.

Милан игра лошо оваа сезона, го има најмладиот тим во Серија А, па во јануари сака да инвестира во искусни фудбалери.

31-годишниот Ракитиќ е спремен за нова авантура и му се допаѓа преселба во Милано, каде треба да биде лидер на „росонерите“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…