Модна ревија на Шанел со само еден гостин во публика – таму беше само оваа славна актерка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На модната ревија на Шанел одржана во Шато де Ченонсо, во Франција, беше презентирана колекцијата Métiers d’art.

Интересно за оваа модна ревија и она кое го привлече вниманието беше тоа што во публиката присуствувала само една личност, актерката Кристен Стјуарт. Сите други ја следеле преку Интернет, а во салата имало уште 300 луѓе кои работеле на ревијата.

„Прикажувањето на ревијата во Шато де Ченонсо беше логичен избор затоа што во него живееја Дајан де Поатие и Кетрин де Медичи, две жени кои ја инспирираа Коко Шанел и кои имаат значајно место во историјата на брендот“, рече Вирџини Виард, креативен директор на Шанел. .

Стјуарт е долгогодишна муза на Шанел. Првично, било планирано да има 200 гости на шоуто, но поради пандемијата на коронавирус, сè било откажано.