Мода и религија: Ексцентрична екстраваганција на црвениот тепих од МЕТ гала


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фамозниот настан МЕТ бал што традиционално се одржува секоја година, стана своевиден моден аџилак за славните личности од светот на шоубизнисот кои во таа пригода се собираат на едно место – црвениот тепих.

Темата на овогодинешната вечера беше Божествени тела: Модата и католичката имагинација, што остави голем простор за различна интерпретација. За Ријана тоа значеше трансформација во женски папа, додека за Џенифер Лопез раскошен фустан со импресивен крст од Balmain.

Вечерта несомнено ја одбележаа неколку шоу бизнис дами кои не можеше да останат незабележани во морето на познати фаци, кои присуствуваа на престижниот моден настан.

Амал Клуни

Сопругата на холивудскиот актер, Џорџ Клуни, им покажа на присутните како изгледа во исто време да се носи гламурозен фустан, а воедно и панталони. Креацијата од британскиот дизајнер Richard Quinn беше полн погодок за црвениот тепих, па на Џорџ не му остана ништо друго освен да и го препушти центарот на вниманието на својата сакана.

Ријана

Пејачката од Барбадос сериозно го сфати предизвикот и дојде облечена во креација од Maison Margiela, благодарение на која се претвори во женски папа. Нејзиниот изглед беше еден од најдобрите на вечерта, со оглед на тоа совршено одговараше на зададената тема.

Блејк Лајвли

Кога станува збор за она што го носи Блејк на црвениот тепих, уште еднаш можеме да потврдиме дека актерката има беспрекорен вкус за облекување. На МЕТ балот ја видовме во гламурозен фустан од Versace за чија изработка беа потребни 600 часа. Се разбира, Лајвли со достојна почит го носеше парчето како да е самата кралица.

Ким Кардашијан

Кими помина низ 10-дневен детокс режим за да го подготви своето тело за златниот фустан што го носеше на балот. Таа избра златен модел со крстови од Versace и позираше сама бидејќи Каније Вест оваа година остана дома.

Џенифер Лопез

Што носеа дел од преостанатите ѕвезди за време на оваа модна манифестација, погледнете во прилог.

A post shared by ? (@bellahadid) on

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on