Мобилните оператори почнаа да им ги менуваат Samsung Galaxy Note7 со друг смартфон на клиентите


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



Операторите принудно започнаа да го почитуваат барањето на нивните клиенти кои се сопственици на проблематичниот модел Samsung Galaxy Note7 со друга марка на смартфон по нивен избор, наместо да им го заменат со нов безбеден модел од истата марка, бидејќи најголем дел од нив веќе немаат доверба во Samsung после низата инциденти со пожарите кои ги предизвикаа моделите од оваа нивна серија.

Sprint, AT&T и Verizon веќе ја направија оваа замена, а претходно и T-Mobile ја изврши истата замена. Од Samsung не се бунат на ваквата донесена одлука од мобилните оператори.