Мобилната канцеларија на Нисан – одличен концепт за луѓе кои работат од дома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Nissan NV350 Office Pod е концептно возило претставено на автомобилскиот саем во Токио, кое секако се одржува виртуелно. Според тоа, станува збор за концепт кој може да остане само интересна идеја и можеби Nissan сепак ќе одлучи да го претвори овој концепт во вистински производ и да го понуди на пазарот.

Office Pod е комбинација од кампер и големо комбе со мала канцеларија скриена во задниот дел што може да ја однесете каде сакате. Секако, ако сте во природа или покрај море, сигурно нема да работите од затворено и клаустрофобично комбе. Неговиот деловен дел може да се извлече (што може да се направи од апликацијата со допир на прст) и да ви овозможи да уживате на отворено во совршен амбиент.

Самиот канцелариски дел се состои од најосновните работи – работен стол и работна маса, а во паузите помеѓу работата и проектите или за време на состаноците преку Зум, најверојатно ќе сакате да го поминете вашето време на покривот.

Има голема лежалка и чадор за сонце, а дел од Office Floor е апарат за кафе и фрижидер, па затоа не е тешко да се замисли дека покрај сето ова и во идеална природна средина ќе можете целосно да се сконцентрирате на работа.