Млад брачен пар од Индија до смрт каменуван од семејството на невестата – не го бендисале зетот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На југот на Индија млад брачен пар бил до смрт каменуван од страна на семејството од невестата. Причината за ова брутално и фатално „злосторство заради чест“ било тоа што на семејството од невестата не им се бендисал зетот кој бил од пониска општествена каста.

Ова е најновиот случај на „злосторство поради чест”, што обично го вршат роднини во име на заштита на традицијата и семејната чест, најчесто во конзервативните рурални области на Индија.

Младиот маж и жена, двајцата 29-годишници од покраината Карнатака во јужна Индија, се венчале против желбите на двете семејства. Невестата е од каста која се смета за „висока“ во Индија и младоженецот од заедницата на Далит, најниска на социјалната скала во крутиот систем на индиските касти. Младоженците по свадбата избегале за да живеат во град, но пред неколку дена се вратиле во родното село.

Вчера, тие биле забележани од локалното население кое го известиле братот на жената, кој собрал луѓе и тие ги каменувале до смрт младите, изјави припадник на локалната полиција.

Идентификувани се тројца главни обвинети, меѓу кои и братот на невестата и неговата жена, додаде полицијата.

Според статистичките податоци на Обединетите нации, од 5.000 кривични дела на честа извршени секоја година во светот, околу 1.000 се извршени во Индија.