Home Шоубизнис Милионска заработка: Еве колкав профит имаше Опра Винфри од интервјуто со Меган Маркл и Хари

Милионска заработка: Еве колкав профит имаше Опра Винфри од интервјуто со Меган Маркл и Хари

Најпознатата водителка на светот, Опра Винфри, заработила вртоглави седум милиони долари од интервјуто со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл, кое се емитуваше на телевизијата „CBS“, а на кое парот зборуваше за расизмот и дисфункционалноста на кралското семејство..

Ексклузивното интервју со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл го водеше славната Опра Винфри. Но, зад целото интервју стои и нејзината продукциска куќа, „Harpo productions“, а правата за емитување на интервјуто ги продала на „CBS“ за седум милиони долари.

Во двочасовното интервју, кое се емитуваше на телевизијата „CBS“, парот зборуваше за расизмот и дисфункционалноста на кралското семејство.

Според проценките на компанијата „Nilsen“, интервјуто во живо го следеле 17 милиони гледачи. Иако интервјуто е емитувано во ударен термин, овој број на гледачи се смета за многу голем.

Во интервјуто Меган рекла дека размислувала за самоубиство, додека Хари рекол дека тој и неговото семејсто се чуствувале „заробени“ додека водели кралски живот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Мајло Вентимиља би гостувал во „Тракер“ со Џастин Хартли, но само во вистинскиот момент

Мајло Вентимиља не ја исклучува можноста повторно да заигра со Џастин Хартли, овојпат во „…