Home Актуелно Од сонце до дожд – променлив прв априлски викенд

Од сонце до дожд – променлив прв априлски викенд

Првиот априлски викенд во Македонија донесе променливо време. Започна со сонце, а ќе заврши со врнежи. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Пожаране 21 литар на метар квадратен, во Тетово 15, Дебар 13, Охрид 11, Крушево 9, Скопје 6, а најмалку во Штип еден литар, соопшти УХМР.

Најстудено утрово со минус еден степен е во Крушево, во Скопје се измерени три степени, а најтопло е во Гевгелија и Дојран со осум степени.

Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места на северозапад врнежите преминаа во снег. Дуваше слаб до умерен, вдолж Повардарието на места засилен северен ветер. Утрово во најголем дел од земјава е облачно со дожд, освен на крајниот југоисток, каде е умерено облачно.

Времето денеска же биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови (локално над 20 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали и ќе биде во интервал само од 5 до 13 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 6 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…