Милер: Моето место во Баерн е до тоалетот!


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Германскиот репрезнтативец и играч на Баерн Минхен, Томас Милер даде интересно интервју околу неговата „позиција“ во соблекувалната.

Запрашан од германските новинари околу неговото место во соблекувалната на баварскиот гигант, Томас Милер одговори дека има „посебно“ место во соблекувалната и не го дава на ниту еден друг фудбалер.

„Моето место во соблекувалната е посебно, седам веднаш покрај вратата од тоалетот. Но, нема да го дадам на ниту еден мој соиграч затоа што од таа позиција можам да делувам многу добро“, изјави Милер.

Неодамна се појави информацијата дека капитенот на Баерн Минхен, Филип Лам, кариерата ке ја заврши во Минхен, и дека по кариерата, ќе стане спортски директор на клубот, а Милер имаше што да каже на тоа.

„Не сум слушнал дека Лам рекол дека ќе стане директор на клубот, но свесен сум дека се зборува за тоа. Тој го познава клубот и знае како функционираат работите овде. Сигурен сум дека тој е личност на кој може да му се даде функција со доверба“, смета Милер.