Меси со стил заминува од репрезентацијата – мундијалското финале ќе биде негов последен настап во аргентинскиот дрес


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство откако вчера ја победи Хрватска со 3:0, а Меси уште еднаш дојде блиску до трофејот кој му недостига во спектакуларната кариера.

Меси игра фантастично Светско првенство и повторно потсетува на неговите најдобри денови од Барселона.

На четири натпревари од шест колку што досега одиграа Аргентинците Меси беше играч на мечот.

Големото финале в недела од 16:00 часот ќе биде неговиот последен натпревар во дресот на Аргентина.

„Горд сум што ќе ја завршам репрезентативната кариера со настап во финале на Светско првенство. Неверојатно е ова што му се случува.

Во недела ќе играм најдобро што можам. Уживам и се чувствувам подготвен за натпреварот. За Хрватска добро се подготвивме и знаевме да ги искористиме нејзините слабости“, изјави Меси.

Во финалето Аргентина го чека подобриот од денешното второ полуфинале помеѓу Франција и Мароко.