Home Спорт Аргентина е прв финалист на Светското првенство во Катар – улиците на Буенос Аирес се тресеа од славје 🎥

Аргентина е прв финалист на Светското првенство во Катар – улиците на Буенос Аирес се тресеа од славје 🎥

Аргентинската репрезентација е првиот финалист на Мундијалот во Катар, откако во полуфиналето ја победи Хрватска со 3:0.

Натпреварот почна израмнето и двете репрезентации водеа голема битка на средината од теренот.

Меѓутоа, во 34-та минута отпадна целата одбрана на Хрватска и Алварез излезе сам пред голманот Ливаковиќ, кој го фаулираше па судијата покажа на белата точка.

Меси беше прецизен за водство од 1:0, а само пет минути подоцна Алварез со соло продор ја измеша одбраната и зголеми на 2:0.

Во второто полувреме Хрватска фрли се на една карта и тргна во напад, а тоа оставаше простор за контранапади на „гаучосите“.

Во 69-та минута Меси со мајсторија ја измеша одбраната на Хрватска и му сервираше асистенција на Алварез кој погоди за 3:0.

Аргентинската престолнина се тресеше од песни за Меси и останатите. Страснисте Аргентинци облечени во дресот на националната репрезентација во тие моменти заборавија на сите проблеми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…