Меси нервозен сакал да се тепа со играч на Сити!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Медиумите од Шпанија и Англија пренесуваат дека Лео Меси и еден играч на Манчестер Сити си поделиле навредливи зборови во тунелот кон соблекувалните.

Фрустриран од првиот пораз во дуелите со „граѓаните“, Лео Меси имал мала конфротација со играч на Манчестер Сити.

Во тунелот кон соблекувалните некој од таборот на домаќините му дофрлил нешто на Аргентинецот, кој одговорил со збровите „Идиот, дојди и покажи го лицето“.

Како што пишува „Мундо Депортиво“ Меси дури сакал да се пробие до соблекувалната на Манчестер Сити и физички да се пресмета со играчот, но го смирил неговиот пријател Кун Агуеро.

Аргентинецот ретко на ваков начин ја искажува нервозата, што е сигнал дека поразот навистина тешко му паднал.