Home Спорт Меси и Суарез им гледаат во грб: Џеко и Салах најдобар тандем во Европа!

Меси и Суарез им гледаат во грб: Џеко и Салах најдобар тандем во Европа!

Един Џеко и Мохамед Салах, во моментов, се најдобрата напаѓачка двојка во најсилните пет национални првенства во Европа.

Екипата на Рома на 12 натпревари има постигнато 29 голови, а 18 од нив се дело на тандемот Џеко-Салах. Репрезентативецот на БиХ, Џеко, има постигнато 10 голови и заедно со Икарди го дели првото место на листата на најдобри стрелци, додека Салах е стрелец на осум гола.

Тандемот на Рома, во овој момент има постигнато повеќе голови од тандемот на Барселона Лионел Меси-Луис Суарез во шпанскиот шампионат. Меси и Суарез, во неделата постигнаа по еден гол во победата на Барса во Севилја со што стигнаа до бројката од 16 погодоци.

Ист број на погодоци како тандемот Меси-Суарез имаат постигнато Единсон Кавани и Лукас Моура од ПСЖ во Франција, односно тандемот на Челзи Диего Коста-Еден Азар во англиската Премиерлига.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт

Напишете коментар

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…