Home Спорт Меси и Фернандез ја извадоа Аргентина од калта

Меси и Фернандез ја извадоа Аргентина од калта

Лео Меси и Енцо Фернандез со фантастични погодоци донесеа победа на Аргентина во пресметката со Мексико, со што „гаучосите” значително си ги зголемија шансите за осминафинале.

По шокантниот пораз од Саудиска Арабија, Аргентина синоќа ризикуваше елиминација во случај на пораз во пресметката со Мексико.

Но Лео Меси и Енцо Фернандез не дозволија дебакл, и во натпревар со малку шанси а многу борба, донесоа триумф од 2-0.

Во 64. минута, на Меси му беше оставен малку повеќе простор, па напаѓачо тна ПСЖ од врвот на шеснаесетникот прецизно биеше по земја за 1-0.

Трите бода беа осигурани во 87. минута кога Енцо Фернандез прекрасно пласираше во аголот за 2-0.

Во последното коло сите комбинации се можни во групата Ц, па за очекување се возбудливи дуели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…