Home Спорт Медведев незапирлив: Каква епска битка приредија со Феликс Оже-Алиасим – судијата почестен со погрдни зборови (снимка)

Медведев незапирлив: Каква епска битка приредија со Феликс Оже-Алиасим – судијата почестен со погрдни зборови (снимка)

Данил Медведев одигра пеколно и епско четвртфинале на Австралија Опен во кое успеа да се врати во игра и да победи против Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим по негатива од 2:0 во сетови.

Медведен и Оже Алиасим ја приредија најголемата и најнеизвесна битка на годишново издание на Австралија опен, кое вториот светски рекет го доби со 3:2, во меч кој траеше 4 часа и 40 минути.

21 годишниот Канаѓанец тргна фантастично и ги доби првите два сета со 7:6 и 6:3, а потоа Русинот притисна силно и агресивно. Третиот сет го доби во тајбрејк, а во четвртиот успеа да спаси меч топка при негатива од 5:4.

Во последниот сет Медведев спаси вкупно шест брејк топки и на крај го доби со 6:4. Само втор пат во кариерата успева да добие натпревар откако губи 2:0 во сетови.

Во еден момент Медведев покажа и искажа големиот револт кон судијата кој го нарече идиот, бидејќи додека тој се обидувал да земе поен, на видео бим му го пуштал ликот од противникот во крупен кадар.

Еве го и победничкиот поен на Медведев.

Во полуфинале ќе се судри со Стефанос Циципас, а другото полуфинале го сочинува двојката Надал – Беретини. Натпреварите се закажани за петок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…