Шекил О’Нил се потсетува на моментите кога го запознал Принц: „А вие мислите дека овие од НБА се јаки фаци“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога станува збор за хедонизам, уживање во сетилните задоволства и генерално во животот, Шекил О’ Нил важи за еден од попосветените на планетава, особено од светот на НБА. За љубов на вистината, тоа и легендата Коби го имаше во еден муабет потврдено – да тренираше Шекил колку мене, ќе беше најдобар на сите времиња своевремено изјави Брајант.

А сепак, лично Шек вели дека кога станува збор за фраер и главна фаца, никогаш нема да ја заборави сцената во која го запознал Принц.

Запознавањето се случило за време на еден од „Ол стар“ викендите кои секогаш поминуваат со многу журки и забава. Во 1994 година, во Минеаполис, во бар со име Глем Слем, во време кога Принц организирал натпревар за спотот „Најубавата девојка на светот.“

„Тој главно беше на горниот спрат и се однесуваше како да е газда на барот. После сфатив дека стварно е газда на барот,“ вели Шекил.

Некој од оние крупните од обезбедување му рекол дека Принц сака да го види. Се качил горе, влегол во просторијата и го видел човекот опкружен со навистина најубавите девојки на светот. Кои го хранеле со грозје!

„Мене не ме ни погледнаа. Сите беа загледани во него, го хранеа со грозје, очигледно уживаа во неговото друштво, сакаа да го импресионираат. Мислам дека им има кажано дека планира да ја ожени најубавата, па својски се трудеа. Патем, некои од девојките глумеа кукли, стоеја или седеа неподвижни,“ ја опишува кошаркарот таа надреална сцена.

По средбата со Принц, Шекил вели дека морал да го преиспита своето гледање за тоа што значи да си славен и влијателен.

„А вие мислите НБА се јаки фаци,“ вели Шек.

Извор: Оффнет