Home Актуелно Данска ја трга Ковид-19 од категоријата на критични болести и од 1. февруари ги укинува сите рестрикции

Данска ја трга Ковид-19 од категоријата на критични болести и од 1. февруари ги укинува сите рестрикции

Властите во Данска донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари се укинуваат сите ограничувања во оваа земја.

Премиерката Мете Фредериксен објави дека со исклучувањето на Ковид од категоријата социјално критични болести, одлучиле од 1 февруари да ги укинат сите ограничувања за што добиле полна поддршка од останатите партии во парламентот.

Ковид пасошите и понатаму ќе се бараат само на влезовите во Данска од странство. Фредериксен кажа дека на крајот на јануари и почетокот на февруари, бројот на заразени со Ковид-19 ќе го достигне својот врв, а потоа ќе дојде до намалување на бројот.

Таа вели дека и покрај тоа што ограничувањата ќе бидат минато и ќе се нормализира секојдневниот живот, властите ќе ги следат податоците за Ковид-19 и ќе се препорача и четврта доза на вакцината против Ковид.

Во Данска на 10 септември беше објавено дека епидемијата со корона вирус е потполно под контрола и дека сите мерки се укинати. Сепак, подоцна какошто растеа случајите, огранчувањата повторно беа воведени од 15 ноември минатата година.

Главниот епидемиолог на Данскиот државен институт , Тајра Краус на 3 јануари изјави дека варијантата омикрон довела до крај на епидемијата и дека луѓето ќе се вратат на својот нормален живот во рок од два месеца.

Бројот на починати во Данска порасна на 3.635, а бројот на заразените порасна на 1.48 милиони. Оваа земја е прва во Европа што ги укинува мерките против ковид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…