САД ги отфрлија руските барања за ширење на НАТО кон исток


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


САД го отфрлија руското барање да го запрат натамошното проширување на НАТО кон исток, но понудија како што го нарекоа „сериозен дипломатски пат“ за да се реши жестоката конфронтација меѓу Москва и Западот во услови на засилување на руската војска во близина на Украина.

Вашингтон го предаде својот писмен одговор на безбедносните барања на Русија на 26 јануари, што американскиот државен секретар Ентони Блинкен го опиша како „принципиелна и прагматична“ оценка на загриженоста што ја искажа Москва.

Русија, според западните разузнавачки служби, собра повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина и одржува серија копнени и поморски воени вежби, што предизвика загриженост дека можеби се подготвува за понатамошен упад во земјата по илегалната анексија на Крим од Украина во 2014 година. Москва, исто така, ги поддржува сепаратистичките борци во тековната војна во источна Украина, која однесе повеќе од 13.200 животи од април 2014 година. Кремљ, кој негира дека планира да влезе во Украина, соопшти дека го гледа НАТО како безбедносна закана и бара правни гаранции дека западната воена алијанса нема дополнително да се прошири кон исток, вклучително и соседна Украина. Вашингтон и НАТО рекоа дека некои од барањата не се за преговори.

Блинкен изјави дека Соединетите држави се отворени за дијалог, но „јасно кажале дека постојат основни принципи на кои сме посветени да ги поддржуваме и браниме, вклучувајќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и правото на државите сами да избираат свои безбедносни аранжмани и сојузи“. „Нема промена, нема да има промена“, рече тој. Блинкен додаде дека писмото е целосно координирано со Украина и европските сојузници на Вашингтон и „поставува сериозен дипломатски пат напред, доколку Русија го избере тоа“, бидејќи САД се обидуваат да спречат воена ескалација против Украина. Но, тој предупреди дека Вашингтон дејствува „со еднаков фокус“ за да ја зајакне одбраната на Украина и најави дека ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во наредните денови. И НАТО и испрати на Москва писмен одговор за кои генералниот секретар Јенс Столтенберг рече дека вклучува предлози за дипломатско решение на кризата. Столтенберг ја повика Русија „итно да ја деескалира ситуацијата“, но рече дека сојузниците на НАТО и понатаму се „подготвени за најлошото“.