Home Актуелно Меџити: Имаме писмен доказ дека ВМРО прифати двојазичност!

Меџити: Имаме писмен доказ дека ВМРО прифати двојазичност!

Градоначалникот на Чаир и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити во емисијата Патот кон на телевизија Алсат М изјави дека ВМРО ДПМНЕ прифатиле и повеќе од тоа што првично се барало од страна на албанските партии, освен СЈО.

На прашањето дали ВМРО ДПМНЕ го прифатила официјализирањето на албанскиот јазик, Меџити одговара:

Да, и не беше проблемот во албанскиот јазик, туку дијаметралната разлика меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ беше продолжувањето на мандатот на СЈО и гласањето на законот за заштитени сведоци.

Меџити додава дека мандатот на СЈО била точката за која ВМРОИ ДПМНЕ не сакале ни да слушнат.

ВМРО ДПМНЕ прифати и двојазичност и казни за директорите на институции каде нема да се зборува албански. Сe прифатија, само за СЈО не сакаа да слушнат. Затоа не ни успеа коалицијата со нив. И за ова имаме писмени докази, изјави Меџити.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…