Матиќ во наредните денови потпишува за…


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Српскиот репрезентативец Немања Матиќ сигурно ќе го напушти Челзи ова лето, па не замина и на подготовки со остатокот од тимот.

Менаџерот Антонио Конте јасно му стави до знаење на Матиќ дена нема да смета на него, па поради тоа го ангажираше Тиму Бакајоко.

Матиќ не замина со остатокот од тимот на припреми и потврди дека ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ во наредните денови.

За 28-годишниот фудбалер интерес покажуваат неколку европски гиганти, но медиумите на Островот се сигурни дека Србинот кариерата ќе ја продолжи на „Олд Трафорд“.

Жозе Мурињо по секоја цена го сака во својот тим, па иако „сините“ се противат и не сакаат да го пуштат кај големиот ривал, сепак на крајот најважна е желбата на фудбалерот.