Паднал од водопад додека правел селфи – три дена останал заглавен меѓу карпите

Британскиот актер Пол Николс, за време на летниот одмор на Тајланд, се слизнал од на карпите од еден водопад, па при падот тешко ја повредил ногата и завршил заробен три дена меѓу карпите, без храна и вода.

Актерот ги разгледувал водопадните брзаци на Кун Си водопадите, па во моментот кога сакал да направи селфи, се потслизнал и паднал, останувајќи заглавен меѓу карпите. Го пронашле службите за спасување, откако еден локалец го видел неговиот мотор во близина на водопадите.

Во моментот на пронаоѓањето бил во состојба на шок и многу снижена телесна температура. Проблемите за актерот продолжиле и откако бил префрлен во болница, каде локалните лекари му кажале дека лечењето ќе го чини 13.000 фунти, а се споменува и сума од 90.000 фунти за операцијата, па сега британската амбасада работи на тоа под итно да го префрли во Велика Британија.

Пол за The Sun изјавил дека „има среќа што е жив“. Актерот инаку е познат по улогата во популарната британска сапуница EastEnders.