Home Спорт Матичниот клуб на Пандев му оддаде почест: „Од детето на ФК Беласица до најдобриот македонски фудбалер во историјата“

Матичниот клуб на Пандев му оддаде почест: „Од детето на ФК Беласица до најдобриот македонски фудбалер во историјата“

Горан Пандев со настапот на Македонија на Европското првенство ја заврши и својата репрезентативна кариера.

Посебно обраќање на оваа тема имаше ФК Беласица, клубот каде што Пандев ја започна кариерата.

„Од детето на ФК Беласица – до најдобриот македонски фудбалер во историјата!Вчера, Гранде Горан за последен пат играше во светиот македонски репрезентативен дрес. По две децении, Пандев од репрезентацијата се опрости како рекордер во број на настапи (122), рекордер во број на постигнати голови (38) и како апсолутна легенда, голем капитен и најдобар македонски фудбалер во историјата. Стоечки овации на стадионот „Јохан Кројф“ и поклон до земја од сите македонци и цел свет. Сосема заслужено.Гоче, ФК Беласица, твојот матичен клуб е гордост твоја, па така догодина, големиот јубилеј од 100 години постоење на клубот да го прославиме заедно, со великанот на македонскиот фудбал! Честитки за големата и успешна кариера во репрезентативниот дрес!“

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…