Твитот на Заев кој ги разбранува официјална Атина – грчката влада заради тоа замрзнала три меморандуми од Преспанскиот договор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грчки „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори, пренесува дека грчката влада ја замрзна ратификацијата на три меморандуми произлезени од Преспанскиот договор кои во парламентот беа ставени во јули на дневен ред. Причината е „твит“ на премиерот Зоран Заев кој завчера, следејќи го фудбалскиот меч во Аместердам напиша: „Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација“.

Грчката влада вчера „го повика премиерот на Северна Македонија целосно да го спроведе договорот од Преспа за името на земјата во сите контексти, вклучително и за меѓународните спортски настани“, пренесува Мкд.мк.

„Бараме целосна имплементација на договорот од Преспа и го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби и особено кога станува збор за чувствителни прашања, меѓу кои е и фудбалот”, изјави портпаролката на Владата Аристотелија Пелони.

Таа нагласи дека добрите намери кога во прашање е спроведувањето на Договорот од Преспа се критериум за пристапување на земјата во Европската унија”, истакна таа.

Ратификацијата на меморандумите за соработка e одложенa, како што дознава Катимерини, со цел Заев да може Заев да разбере дека има обврски кои не може да ги игнорира.

На новинарски прашања Пелони рече дека Нова демократија изразувала несогласувања со договорот, што во името на Грција го потпиша СИРИЗА, во делот на јазични и идентитески прашања, но дека сега како власт инсистира на почитување на Договорот од Преспа.

Владата, рече портпаролката, нема да замижува на „мешаните сигнали“ кои доаѓаат од Скопје во врска со почитувањето на обврските од Договорот.

Во „твитот” од понеделникот премиерот Заев напиша дека фудбалскиот натпревар го следи заедно со холандскиот премиер и дека без оглед на резултатот ѝ дава поддршка на македонската фудбалска репрезентација.