Мата заминува од „Олд Трафорд“, но останува во Премиер лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според пишувањето на англиските медиуми Хуан Мата ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“ и на лето ќе ги напушти „црвените ѓаволи“.

Мата и оваа сезона добива мала минутажа кај Жозе Мурињо, па сака да се пресели во клуб каде ќе игра повеќе.

Медиумите на Островот тврдат дека силен интерес за Шпанецот покажува Арсенал, каде неговиот сонародник Унаи Емери исклучително ги цени неговите квалитети.

Договорот на Мата истекува на крајот на сезоната, па уште во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со заинтересираните клубови.

„Топџиите“ се спремни да го донесат 30-годишниот Шпанец уште во јануари и да платат симбична сума.