Спасовски вината за недостапноста на Груевски ја лоцира во судството


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во изјава за медиумите потенцираше дека не планира да си даде оставка од функцијата поради тоа што бившиот премиер Никола Груевски не им е достапне на надлежните органи за отслужување на двегодишната затворска казна.

Спасовски додаде дека вината за потенцијалното бегство на Груевски треба да се бара во судот, бидејќи оттаму не му одредиле мерка притвор

„Не може некој криминалец кој еднаш во животот нешто украл да добие веднаш притвор, а некој кој има тешки обвиненија зад себе да биде пуштен да избега без притворање“, рече Спасовски.

Поранешниот премиер Никола Груевски, за кого е издадена национална потерница за отслужување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк”, вчера бил баран во неговиот дом, а потрагата ќе продолжи на уште неколку локации.

Спасовски додаде дека се спроведуваат и други мерки, како прегледи на возила, а зајакнато е полициското присуство на излезот од Скопје и на граничните премини.

Во врска со тоа дали ќе влезат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски рече дека доколку полицијата има налог ќе влезе во која било зграда и додаде дека вчера немале намера да влезат во партијата, ниту имале налог за тоа.

Тој напомена дека вчера немало никаква опсада на политичка партија, ниту на кој било друг објект и додаде дека полицијата постапувала врз основа на наредба дадена според проценките за можните локации. Додаде дека имало контроли во близина на седиштето на партијата.