Машината Кипчоге гази: Нов светски маратонски рекорд поставен во Берлин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кенискиот маратонец Елиуд Кипчоге викендов на BMW Berlin Marathon успеа да постави нов светски рекорд во маратон со фантастично време од 2:01:39. Со овој негов успех и резултат Кипчоге ја забетонира неговата репутација за еден од најдобрите маратонци на денешницата.

Кипчоге имаше маестрален настап во Берлин оваа година каде успеа да го подобри стартиот светски рекорд на Денис Кимето (поставен 2014 година на истата патека) од 2:02:57 за цели 1 минута и 18 секунди. Покрај фантастичниот резултат, со овие 78 секунди разлика, Кипчоге успеа да направи најголема разлика во подобрување на светскиот рекорд во последните 50 години.

Во последните неколку години Елиуд оствари некои фантастични достигнувања на полето на спортот, вклучително и Олимпиското злато во 2016 година, проектот „Под 2 часа” со Најк за трчање маратонска должина во контролирани услови, обид кој заврши со резултат од 2 часа 0 минути и 33 секунди, и новиот светски рекорд сега во Берлин. Во 2020 година на негови 35 години, тој најави дека ќе се обиде да го одбрани олимпиското злато.