Малиот е најмладиот професионален е-спортист: Потпиша за „Тим 33“ – еве за кои суми станува збор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новооснованата е-спорт група, „Тим 33“ потпиша професионален договор со осумгодишниот Јосеф Дин, со што тој станал најмлад професионален е-спортист. Дин наводно ќе довие пет илјади долари за опрема и уште 33 илјади долари како бонус затоа што потпишал со нив.

Уште поинтересно е што Дин наводно тренира со екипата „Тим 33“ од својата шеста година.

„Ни беше цел да го тренираме последните неколку години затоа што верувавме дека младите гејмери се иднината па сакаме да почнеме да ги тренираме што порано“, истакнал коосновачот на „Тим 33“, Тајлер Галагер.

„Тоа е остварување на сонот. Други тимови не ме сваќаа сериозна поради моите години, но „Тим 33“ ме следеа во моето играње на Фортнајт и дозволија со нив секојдневно да тренирам. Неможам да бидам посреќен затоа што станав и официјален член“, рекол Дин.

Влегувањето на осумгодишниот Дин во светот на професионалниот е-спорт предизвика низа контраверзности. ОД тоа дека всушност нема долна граница кога некој може да стане професионалец, до тоа како сето ова ќе влијае на неговиот раст и развој.

Додатно се поставува прашањето како ќе учествува на службените турнири ( во неговиот случај Фортнајт), затоа што долната граница за учесници во турнирите е 13 години.