Макрон и Саркози ќе го убедуваат Мбапе да не си оди од ПСЖ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Килијан Мбапе како што стојат работите станува не само главна спортска тема, туку и една од главните државни работи во Франција.

Француските медиуми известуваат дека сегашниот претседател на државата Емануел Макрон и поранешниот, Никола Саркози заедно ќе го убедуваат Мбапе да го продолжи договорот и да остане во ПСЖ.

Двајцата политичари сакаат да му објаснат на Мбапе дека тој е национално богаство за нивната земја и дека е од голема важност да продолжи со играњето во Франција. Лига 1 и францускиот фудбал дефинитивно не би биле исти без Мбапе.

Од друга страна неговиот трансфер во Реал Мадрид за многумина е како завршена работа бидејќи договорот со ПСЖ како што е познато му истекува на крајот од сезоната.