Македонската одбрана не го издржа судиското надополнување – Словенија извлече реми во последен момент


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес репрезентацијата на Македонија го одигра првиот од двата закажани контролни натпревари пред почетокот на Светското првенство.

Наш противник денес беше селекцијата на Словенија. Од почетокот гледавме мирна игра, ние бевме репрезентацијата која го имаше поголемиот посед, но не создадавме 100% шанси. И Словенците ги немаа, видовме само по некоја полушанса на двете страни.

Резултатот по првите 45 минути беше 0:0.

Слично започна и вториот дел. Така се играше се до 57. минута кога Езгјан Алиоски по една контра одлично го пронајде Елмас, а „дијамантот“ на прва го матираше гостинскиот голман. По тој гол, ние создадовме уште неколку добри прилики меѓутоа не ги искористивме. Најдобрата ја пропушти Трајковски после едно нафрлување од десната страна на Елмас.

Предност Македонија имаше се до последните моменти кога Словенија го изедначи резултатот.

Вториот контролен натпревар кој ќе биде и последен пред Европското првенство го играме во петок против Казахастан.

Фото извор: ФФМ