Home Спорт Оливер Кан е нов извршен директор на Баерн Минхен

Оливер Кан е нов извршен директор на Баерн Минхен

Откако фудбалската легенда Карл-Хајнц Румениге поднесе оставка на функцијата извршен директор на Баерн, на тоа место ќе го наследи бившиот голман и уште една легенда на клубот, Оливер Кан.

Од првиот ден на јули Оливер Кан ќе ја преземе директорската позиција во Баерн. Румениге претходно му препушти на Кан да го предводи Баерн. Тој беше негов ментор, а првата голема работа на Кан беше доведување на тренерот Џулијан Нагелсман од РБ Лајпциг.

Заминувањето на Румениге од Баерн е конечно. Тој нема да зазема никаква позиција кај германскиот шампион и ќе ја продолжи кариерата како дел од УЕФА ИО. Румениге е во клубот од есента 1991 година. Тој започна како потпретседател со Франц Бекенбауер, а ја извршуваше функцијата извршен директор на Баерн од 2002 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…