Македонија „осеверена“ и на Википедија

Доколку пребарувате на Википедија на јазиците на кои беше достапна одредницата за нашата држава Македонија, вклучително и на македонски, таму веќе во оптек е новото службено уставно име на државата Република Северна Македонија.

Името е вметнато во општите генерални податоци за државата на македонски јазик, додека одредницата на нашиот јазик си го задржа досегашното име „Македонија“. Останатите јазици на кои е достапна оваа одредница го сменија и името на самата одредница.

Во англиското издание на интернет енциклопедијата во делот посветен на спорот за името се наведува дека на 17 јуни 2018 година Република Македонија и Грција потпишале договор да го завршат долгогодишниот спор со тоа што земјата ќе се преименува во Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia).