Home Спорт Македонија може да биде домаќин на ЕП 2020!?

Македонија може да биде домаќин на ЕП 2020!?

Поради доцнење во изградбата на стадионот во Брисел, Македонија е една од опциите за домаќин на Европското првенство доколку УЕФА одлучи да ја одземе организацијата на белгиската столица.

Оваа опција станува се пореална, откако Европската куќа на фудбалот покажа незадоволство од тоа како се одвива изградбата на новиот стадион во Брисел. Белгијците доцнат со реализацијата на зададените задачи, па од УЕФА веќе размислуваат да се најде нов стадион, пренесуваат германските медиуми.

Доколку тоа се случи, една од опциите за организација на ЕП е Скопје со „Телеком Арената“, а меѓу другите кандидати се „Васил Левски“ – Софија, „Фредс Арена“ – Стокхолм, „Теди Колек“ – Ерусалим и „Трактор“ – Минск.

Во август Скопје на „Телеком арената“ ќе биде домаќин на Суперкупот на УЕФА. Најголемиот спортски настан во историјата на нашата земја. Па доколку организацијата помине на највисоко ниво, тоа може да биде клучна препорака за УЕФА да и даде организација на нашата земја во случај Брисел да го загуби настанот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…